
Директната железничка линија помеѓу Москва и Пјонгјанг ќе биде рестартирана од 17 јуни и тоа е најдолгата директна железничка линија, објавија Руските железници.
Растојанието помеѓу главните градови е над 10.000 километри, а времето на патување е осум дена, објави ТАСС.
Железничкиот оператор објави на својот официјален Телеграм канал дека, во договор со Министерството за железници на Демократска Народна Република Кореја, возовите ќе тргнуваат двапати месечно, на трети и 17 во месецот од Пјонгјанг, пристигнувајќи во Москва на 11 и 25.











