Градежниот сектор во 2024: Pаст на потрошувачката на материјали и енергија за 1%

Деловните субјекти потрошиле за 1.0 % повеќе градежни материјали и енергија во 2024 година во однос на 2023 година

Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност во  2024 година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 11 978 905 илјади денари, што е за  1.0 % повеќе во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 5 139 572 илјада денари (42.9 %), потоа следат групите Потрошено гориво со 1 931 166 илјади денари (16.1 %), Материјали за армирање и прицврстување со 1 410 401 илјада денари (11.8 %).