
Парламентарната комисија за економија и финансии на Албанија одобри Предлог-закон за енергетска ефикасност во резиденцијалните објекти, кој предвидува обнова на 745.000 куќи, објави Албанската национална телевизија.
Крајната цел е да се достигне состојба на нула емисии од станбениот фонд во Албанија до 2050 година. Објектите планирани за реновирање опфаќаат површина од 60 милиони квадратни метри.
Заменик министерката за инфраструктура и енергетика, Енкелејда Мучај, пред парламентарната комисија образложи дека Предлог-законот воведува нови критериуми за градење, со цел да се поттикнат згради со нула емисии и да се придонесе кон остварување на националните климатски и енергетски цели на Албанија. “Овие услови ќе важат и за изградба на нови згради и за реновирање на старите.”
Според неа, законот е во склад со националните цели и посветеноста на Албанија во процесот на пристапување кон Европската унија.
Фото: Pixabay











