
Најголемиот кинески производител на електрични возила (EV) BYD го лансираше својот најевтин модел во Велика Британија наречен Dolphin Surf, кој ќе чини околу 18.650 фунти (21.900 евра).
Овој бизнис потег претставува најнова фаза од борбата на кинеската компанија за примат на глобалниот пазар на електрични возила со американската Tesla, која е во сопственост на најбогатиот човек на планетата, Илон Маск, објави „Гардијан“.
Сепак, според весникот, BYD веќе ја победува Tesla ако се вклучи продажбата на хибридни автомобили, кои комбинираат енергија од батерии со бензински мотор.
Фото: Принтскрин