
Компаниите од Европската Унија ќе бидат обврзани да откријат детали за нивните договори за руски гас на ЕУ, според претстојните предлози на Европската комисија за забрана на увозот на руски гас до крајот на 2027 година, покажа интерен документ на Комисијата, во кој имаше увид Ројтерс.
Комисијата се подготвува да предложи законски мерки за целосно запирање на увозот на руски гас во ЕУ до крајот на 2027 година и забрана на нови договори за руски гас до крајот на оваа година, а предлозите треба да бидат објавени на 17 јуни.
Внатрешна анализа на претстојните предлози на Европската комисија, што ја виде Ројтерс, наведува дека за да се спроведе забраната, на комисијата ќе ѝ бидат потребни информации, вклучувајќи го времетраењето, годишните договорени количини, клаузулата за дестинација и датумот на склучување на договорот помеѓу тие европски компании и Русија.
Фото: Pixabay