Двајца Јаневски ја преземаат контролата врз најголемата винарија во Македонија

Со Одлука донесена на седница на Надзорниот одбор, официјално е констатиран престанокот на мандатот на досегашните членови на Управниот одбор на акционерското друштво „Винарска визба Тиквеш“ – експорт-импорт АД Кавадарци, со што е именуван нов состав на управното тело.

На чело на Управниот одбор повторно е именуван Светозар Јаневски, кој останува Претседател на Управниот одбор, позиција која ја извршува со децениско искуство во винарската индустрија. Покрај него, како членови на Управниот одбор се назначени Искра Клинкарова, Драган Тилев и Коце Ивановски.

Овие промени се резултат на редовната процедура поврзана со истекот на мандатите, како што е наведено во официјалниот извештај доставен до Македонската берза.

Со Одлука од седница на Надзорен Одбор, поради истек на мандатот се констатира престанок на функциите на членовите на Управниот одбор на Друштвото и се именува нов состав на Управниот одбор на Акционерско друштво за производство и промет на вино ВИНАРСКА ВИЗБА-ТИКВЕШ експорт –импорт АД-Кавадарци и тоа:

  • Светозар Јаневски – Претседател на Управен одбор
  • Искра Клинкарова – Член на Управен одбор
  • Драган Тилев – Член на Управен одбор
  • Коце Ивановски – Член на Управен одбор

Со Одлука од седница на Надзорен Одбор,  Јане Јаневски е избран за Претседател на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за производство и промет на вино ВИНАРСКА ВИЗБА-ТИКВЕШ експорт –импорт АД-Кавадарци.