Во ЕУ, највисока индивидуална потрошувачка е забележана во Луксембург

Индивидуална потрошувачка по глава на жител во 27-те земји на Европската Унија, изразена преку стандардот на куповна моќ, се движела од 72 до 141 процент од просекот на ЕУ во 2024 година, објави Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека девет региони на Европската Унија регистрирале реална индивидуална потрошувачка (AIC) по глава на жител над просекот на блокот.

Највисоките нивоа беа во Луксембург (41 процент над просекот на ЕУ), Холандија (20) и Германија (18).

Фото: Pixabay