Во ЕУ, 42,5 проценти од електричната енергија во првиот квартал доаѓа од обновливи извори

Во Европската Унија, во првиот квартал од оваа година, 42,5 проценти од произведената електрична енергија потекнува од обновливи извори на енергија, објави Евростат.

Статистичката служба на ЕУ вели дека во споредба со првиот квартал од 2024 година, ова претставува намалување од 4,3 процентни поени, од 46,8 проценти.

Значителното зголемување на производството на електрична енергија од сончева енергија не беше доволно за да се компензира намалувањето на производството на хидроенергија и енергија од ветер.

Фото: Pixabay