
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа дека неговата земја има премногу празници и дека тоа е нешто што ја чини милијарди долари, бидејќи бизнисите се затворени за време на празниците.
Тој исто така истакна дека овие празници мора да бидат поретки и тврди дека работниците не ги сакаат.
„Наскоро ќе имаме празник секој работен ден. Тоа мора да се промени ако сакаме повторно да ја направиме Америка голема“, додава тој.
Во Соединетите Американски Држави имаа празник за да го означат крајот на ропството. Трамп верува дека овој ден не треба да биде празник, додека поранешниот американски претседател Џо Бајден има спротивно мислење. Тоа е празник што се слави од 2021 година, токму со одлука на администрацијата на Бајден и со поддршка на Конгресот.
Повеќето федерални институции и други институции и бизниси се затворени за време на овој празник, а и Њујоршката берза е затворена. Сепак, на приватните компании и федералните институции е да одлучат дали ќе работат тој ден, пишува Business Insider.
Фото: Pixabay