Големите нафтени компании евакуираат персонал

Големите нафтени компании „Ени“, „БП“ и „Тотал Енерџис“, кои работат на ирачките нафтени полиња, евакуираа одреден број од своите вработени во странство, објави ирачката државна нафтена компанија „Басра“.

Сепак, нафтените операции во јужните ирачки полиња не се под закана, со просечен дневен извоз од 3,32 милиони барели, изјавија за Ројтерс двајца претставници на нафтената индустрија.

Мерките се преземени во време кога светот чека одговор од Техеран на нападот на САД врз нуклеарните постројки во Иран, додека конфликтот меѓу Израел и Исламската Република, со која се граничи Ирак, се разгорува.

Ирачката вооружена група Катаиб Хезболах, поддржана од Иран, предупреди дека ќе продолжи да ги напаѓа американските трупи во регионот доколку САД интервенираат во конфликтот меѓу Израел и Иран.