
Американскиот гигант за е-трговија „Амазон“ објави дека нарачал 5.000 електрични комбиња од германскиот производител „Мерцедес-Бенц“, со што дополнително го проширува својот електричен возен парк во Европа.
Повеќе од половина од нарачаните возила ќе бидат распоредени во Германија, додека останатите ќе бидат распоредени во Австрија, Франција, Италија и Велика Британија. Се очекува овие комбиња да испорачаат повеќе од 200 милиони пакети годишно, се вели во соопштението на компанијата.
„Ова распоредување на речиси 5.000 електрични комбиња за достава дополнително ја нагласува нашата работа за намалување на емисиите на јаглерод во целиот наш бизнис“, рече Нил Емери, функционер на Амазон.
– Од електрични велосипеди до комбиња, камиони и инфраструктура, сме на добар пат да ја трансформираме нашата транспортна мрежа.
Мерцедес истакнува дека ова е најголемата нарачка на електрични возила во историјата на нивната комерцијална дивизија.
– Драго ми е што дополнително ќе го интензивираме нашиот долгорочен однос со Амазон и што ќе работиме заедно на електричната иднина на транспортот – рече Сагри Сардиен, раководител на маркетинг во Mercedes-Benz Vans.
Амазон веќе нарача 1.800 електрични комбиња од истиот производител во 2020 година, а оваа нова испорака е дел од пошироката стратегија на компанијата за постигнување нето нулта емисија на јаглерод до 2040 година, цел на која се приклучи и Mercedes-Benz, објавува Blic.