Македонските работници добиваат помал дел од профитот од нивните европски колеги

Поголем дел од профитот на компаниите оди во џебот на газдите, а само мал процент останува за плати на работниците. За разлика од Македонија, во Европската Унија, поголем дел од добивката на компаниите се инвестира назад во работната сила преку плати и други надоместоци. Друг проблем е што голем дел од работниците во државата сè уште работат на црно, непријавени без пензско и здравствено осигурување и земаат плата во плик. Државата мора да ги спречи овие појави, бидејќи поради неплаќање даноци милионски суми се одливаат од буџетот.

-Кај нас околу 60 отсто од профитот на компаниите оди кај газдите, а само 40 отсто за работниците. Во Европската унија процесот е обратен, дури 60 до 65 отсто од новосоздадената вредност оди за плати и други надоместоци за вработените, а само 35 до 40 отсто за бруто-добивка. Отприлика на 3 новосоздадени евра – 2 присвојуваат работниците за трудот, а едно сопствениците на капитал за профит. Во Македонија само 40 отсто одат за плати на работниците, а над 60 отсто за сопствениците на капитал, изјави за „Локално“, Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ).

Целиот текст на Локално.мк