
НЛБ Банка Скопје известува дека пензиите се исплатени и средствата може да се користат уште веднаш.
„Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Пензијата можете да ја подигнете и во експозитурите на нашата Банка, од понеделник 30.6.2025“, известија од банката.