Антонио Гутереш: На светот му е потребен пофер глобален „даночен систем“

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес во Севиља, на четвртата меѓународна конференција на ОН за финансирање на развојот, изјави дека на светот му е потребен пофер глобален „даночен систем“ кој, како што рече, ќе го обликуваат сите, а не само неколкумина.

„Ова вклучува тројно зголемување на кредитниот капацитет на мултилатералните развојни банки и пренасочување на специјалните права на влечење што можат да го ослободат кредитниот капацитет и да им помогнат на земјите во развој да ги зголемат инвестициите“, рече Гутереш.

Тој истакна дека целта на собирот е да им се обезбеди достоинствен живот на сите луѓе.

Фото: Pixabay