Ставање во функција на сите електронски алатки за услужната дејност со искучување на човековиот фактор е предизвикот кој во следната година ќе биде пред Министерството за транспорт и врски.
Миле Јанакиески, министерот за транспорт и врски, во своето обраќање на денешната конференција Вистински импакт за подобро владеење, истакна дека неговото министерство во 2014 година ќе работи на дигитализација, односно изготвување и одобрување на детални урбанистички планови по електронски пат.
“Ако во 2013 година беше предизвик воведувањето на електронскиот систем за издавање на одобренија за градење, за следната година тоа ќе биде целосната дигитализација на постапката за одобрување и изготвување на детални планови. Електронски систем за урбанистички планови нема во ниедна држава во Европа, а со спроведувањето на овој прект ќе се овозможи урбанизацијата на просторот да се врши на потранспарентен и поефикасен начин. што ќе придонесе за зголемување на инвестициите и брз економски раст”, рече во своето обраќање министерот Јанакиески.
Во своето излагање Јанакиески истакна дека најважната работа во воведувањето на сите електронски алатки е исклучувањето на човековиот фактор. Тој, не заборави да го спомне и воведувањето на електронскиот систем на плаќање на патарини, за кого проектната документација е веќе готова, а истите ќе се испратат до компаниите за да дадат воја финансиска понуда.
“Системот е без никакво човечко влијание во наплатата на патарините и очекувам до крајот на 2014 или почетокот на 2015 година тој да биде воведен”, заврши Јанакиески.
Почетна Новости Македонија До почетокот на 2015 ќе се воведе системот за електронско наплаќање на...