Голдман Сакс очекува американската централна банка да ги намали каматните стапки уште во септември

Њујоршката банкарска корпорација Голдман Сакс очекува дека американската централна банка ФЕД ќе ги намали каматните стапки веќе во септември, а не во декември како што беше наведено во претходната прогноза.

„Веруваме дека шансите за намалување на каматните стапки во септември се малку повисоки од 50 проценти“, се наведува во анализата потпишана од главниот економист на банката, Јан Хацијус.

Според банката, постојат неколку патишта што водат до намалување на референтната стапка веќе во третиот квартал од 2025 година, а потенцијалните предизвикувачи би можеле да бидат послаби од очекуваните ефекти од тарифите, посилни дефлациски притисоци, како и можни изненадувања во месечните податоци од пазарот на трудот, објавува Блумберг.