
Хемиската индустрија во Германија е сè уште под притисок, и покрај подобрувањето на расположението во јуни, заклучува извештајот објавен денес од Институтот за економски истражувања IFO во Минхен.
Вредноста на индексот што го мери расположението на бизнисот во германската хемиска индустрија се зголеми во јуни од минус 16,2 поени во мај на минус 8,9 поени.
Очекувањата на компаниите за наредните месеци се зголемија од минус 5,4 на плус 9,5 поени, што е највисоко ниво во последните три и пол години, но проценката на моменталната деловна состојба остана непроменета на ниско ниво од 25,7 поени.











