Пазарите стабилни пред новите пораки од ЕЦБ – индексите главно во зелено

Европските берзански индекси денес се најмногу во пораст, цените на златото и пченицата паднаа со истовремен пораст на цените на нафтата, додека пазарите го очекуваат обраќањето на претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, кое е закажано за 16:15 часот.
Европската централна банка (ЕЦБ) го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки и успеа да ја намали инфлацијата од врвот од 10 проценти до целта од 2 проценти, потврди вчера главниот економист на банката Филип Лејн на годишниот форум во Синтра, Португалија.

Лејн изјави дека ЕЦБ ќе продолжи да се води од тековните податоци, но нема да реагира на краткорочните флуктуации кои не ја менуваат среднорочната слика.

ЕЦБ неодамна ја намали својата клучна каматна стапка на два проценти, а пазарите сега очекуваат уште едно намалување од 25 базични поени до крајот на годината, што би ја намалило стапката на 1,75 проценти.

Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,11 проценти на 23.744,09 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,06 проценти на 8.791,56 поени, францускиот CAC 40 за 0,31 процент на 7.686,34 поени, додека московскиот MOEX падна за 0,51 процент на 2.833,98 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се зголеми за 0,91 процент на 44.494,94 поени пред денешното отворање на пазарот, додека индексот S&P 500 падна за 0,11 проценти на 6.198,01 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,82 проценти на 20.202,89 поени.

Европските фјучерси за гас за август беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 33,9 евра за мегават-час.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 65.460 долари, а цената на нафтата од типот Брент се искачи на 67.132 долари.

Цената на златото падна на 3.329,02 долари за унца, а цената на пченицата на 5,3407 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,17775 долари, што е за 0,23 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.