
Кинеската автомобилска компанија „Чанган“ планира да изгради фабрикa во Европа за да ја зголеми идната продажба во европските земји и веќе истражува потенцијални локации за изградба.
„Посветени сме да бидеме присутни во Европа, да произведуваме во Европа за Европа“, објави компанијата, пренесува „Ројтерс“.
Временската рамка за тоа кога се очекува да започне изградбата на идната фабрика сè уште не е прецизирана.
„Веруваме дека наскоро ќе ги надминеме производствените потреби во Европа, па затоа веќе сме во фаза на завршување на изградбата“, изјави претставникот на „Чанган“, Ник Томас.
Порано оваа година, компанијата „Чанган“ објави влез на електрични возила на десет пазари во Европа.
Компанијата минатата година продаде повеќе од 2,2 милиони возила, а Томас изјави дека околу 600.000 возила се продадени надвор од Кина.
Тој додаде дека целта е да се зголеми бројот на продадени возила надвор од Кина на еден милион оваа година.











