Која е највредната европска компанија

На рангирањето на 100 водечки компании на глобално ниво, дури 60 се американски
Германскиот производител на софтвер SAP е највредната европска компанија, додека американската Nvidia го зазеде првото место, според студијата на консултантската фирма EY објавена во четврток.

Со пазарна капитализација од 354 милијарди долари, според податоците од крајот на јуни, SAP го зазеде 27-то место на светската ранг-листа.

Меѓу 100-те компании со најголема пазарна капитализација, „Сименс“ и „Дојче Телеком“ се пробија низ германските рангови, заземајќи го 74-тото и 88-тото место, соодветно.

На првото место на глобалната листа е американскиот производител на чипови „Нвидија“, чија пазарна капитализација на бранот на бумот на вештачката интелигенција достигна приближно 3,85 милијарди долари на 30 јуни, пренесува „Хина“.

Со тоа, „Нвидија“ го надмина американскиот технолошки гигант „Епл“, кој сега е на третото место. Второто место му припадна на „Мајкрософт“. Дури девет американски фирми се меѓу првите 10 по пазарна капитализација, вклучувајќи ги „Алфабет“, „Мета“ и „Амазон“.

Исклучок е саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“, на седмото место. На листата на првите 100 има дури 60 американски компании.