Сигналите од ОПЕК+ ги намалија цените на нафтата

Цените на нафтата паднаа на 68 долари на меѓународните пазари во петокот по сигналите од водечките производители дека може да ја зголемат понудата до крајот на летото и медиумските извештаи за продолжување на разговорите меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран. Утрово Брент се тргува по цена од  68,30 долари за барел, а ВТИ за 66,50 долари за барел.

Трговците во петокот беа преокупирани со одложувањето на редовниот состанок на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници од недела за сабота и објавувањето на одлуката за зголемување на понудата.

Групата, според извор од редовите на делегатите од минатата недела, ќе ја продолжи одлуката за зголемување на понудата до август.

„Доколку групата одлучи во август, четврти месец по ред, да ја зголеми понудата за 144 илјади барели дневно, како што се очекуваше, проценките за односот понуда-побарувачка во втората половина од годината повторно ќе бидат ставени на маса и ќе сигнализираат забрзана експанзија на светските резерви на нафта“, објасни Тамас Варга од PVM.

Фото: Pixabay