Лула да Силва: БРИКС може да поведе нов пат на развој

Земјите од БРИКС се способни да го водат формирањето на нов пат на развој фокусиран на одржливо земјоделство и „зелена“ индустрија, изјави  бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва.

„Нашите земји можат да водат нов пат на развој фокусиран на одржливо земјоделство, зелена индустрија, одржлива инфраструктура и биоекономија“, рече бразилскиот претседател, говорејќи на бизнис форумот на БРИКС во Рио де Жанеиро, пренесува РИА Новости.

Бразилскиот претседател истакна дека БРИКС учествува со 33 проценти во обработливото земјиште во светот и со 42 проценти во земјоделското производство, како и дека кредитирањето, земјоделските технологии со ниска емисија на јаглерод и обновувањето на деградираното земјиште го зголемуваат потенцијалот на алијансата за производство на храна за светот.