Засилување на доларот, слабеење на нафтата на светските пазари

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 97,40 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 97,05 поени.

Во исто време, цената на европската валута се лизна од вчерашните 1,1775 на 1,1745 долари.

Американската валута зајакна во однос на јапонската, па курсот на доларот достигна 146,45 јени, додека вчера во ова време изнесуваше 144,95 јени.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот се лизна утрово за 0,47 проценти, на 69,25 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,52 проценти, на 67,60 долари.