General Motors заминува од Австралија?

26

holdenАвстралиската подружница на американскиот произведувач на автомобили General Motors, Holden, може да го запре производството во 2016 година. Компанијата има проблеми со кои се соочува целиот сектор во оваа земја, како што се високите трошоци, силна валута и намален извоз.

Holden држи 10% од австралискиот пазар, а во 2012 година забележа загуба од 153 милиони долари. Компанијата произведува околу 95.000 возила годишно, а извезува само 14.000.

Австралискиот пазар во 2008 година веќе го напушти Mitsubishi, а Ford објави дека во 2016 ќе затвори две фабрики.

Во автомобилската индустрија во Австралија директно работат преку 50.000 луѓе и околу 200.000 индиректно.

Австралиската влада ги негираше написите по медиумите и тврди дека Holden ќе остане во Австралија.