
Шведска официјално склучи спогодби во вредност од преку 484 милиони евра со германската компанија „Рајнметал“ и норвешката „Намо“ за набавка на артилериска муниција, како што објави Министерството за одбрана на државата.
Министерот за одбрана, Пал Јонсон, го оцени договорот како “важна инвестиција во безбедноста на Шведска и НАТО”, потенцирајќи дека оваа нарачка ќе ги засили одбранбените способности на Шведска.
Спогодбата со „Рајнметал Денел Мунишн“, филијала на германската одбранбена корпорација, достигнува вредност од повеќе од 347,8 милиони евра и опфаќа артилериски гранати и потисни полнења за шведскиот артилериски систем „Арчер“.
Договорот со фирмата „Намо“, во вредност од неколку милиони евра, се однесува на испорака на високоексплозивни гранати со зголемен домет (ХЕ-ЕР) од калибар 155 мм.











