
Европската Унија сè повеќе тргува со земји предводени од автократи и диктатори, според студија објавена денес од Европската централна банка (ЕЦБ).
Како што е наведено, и покрај фактот што Европската Унија во својата официјална трговска политика нагласува дека сака да поттикне демократски и општествено одговорен развој, податоците укажуваат на спротивен тренд во текот на последните 25 години.
Авторите на студијата, Клаудија Маркини и Александар Попов, тврдат дека демократските стандарди на трговските партнери на Европската Унија значително се намалиле од крајот на 1990-тите, бидејќи земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија пред Брегзит, постепено го насочувале увозот кон помалку демократските држави.











