ИТ секторот расте: Над 10 милиони ИТ експерти во ЕУ

Во Европската Унија минатата година, повеќе од 10 милиони луѓе биле вработени на позициите специјалисти за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), што е пет проценти од вкупниот број вработени, објави Евростат.

Уделот на ИКТ експертите во вкупниот број на вработени расте со години – во споредба со 2023 година, се зголемил за 0,2 процентни поени, додека во споредба со 2014 година, се зголемил за дури 1,6 проценти, се додава во извештајот.

Најголем удел на ИКТ експерти во вкупниот број на работници е забележан во Шведска 8,6 проценти, во Луксембург 8 проценти и во Финска 7,8 проценти.

Спротивно на тоа, најмал удел е забележан во Грција 2,5 проценти, Романија 2,8 проценти и Италија 4 проценти, се додава во извештајот.

Во 2024 година, 19,5 проценти од жените се регистрирани меѓу ИКТ експертите во Европската Унија.

Најмал удел на жени во оваа професија е забележан во Чешка со 13 проценти, во Малта со 14,7 проценти и во Унгарија со 15,2 проценти.

Најмногу жени во ИКТ секторот се присутни во Естонија 27,6 проценти, Романија 27,3 проценти и Бугарија 27 проценти, според веб-страницата на Евростат.