Изминатиов викенд беше пуштено во продажба Божиќно венче декорирано со 40 светкави дијаманти и рубини. Со големина од 60 сантиметри и цена од 4.645.800 долари, 138.83 каратното венче беше изработено за шест дена од страна на финскиот цвеќар Паси Јокинен-Картер, чии клиенти се кралски фамилии.
Во центарот на уникатниот Божиќен украс се наоѓа 17,49 каратен рубин, до кој е сместен 3,03 каратен жолт дијамант.
Венчето е направено од најретките и најскапите цветови, листови и плодови во светот, како бобинките Хедера, црвените боровинки, ароматичната зелена грмушка Laurus nobilis, стебла од боровинка и рачно свиткани лисја од еукалиптус.
Во луксузното венче има и цветови Helleborus (зимска роза), во чија чашка се сместени 22 малечки дијаманти од вкупно 2,64 карати. Сите скапоцени камења можат да се извадат за да бидат повторно употребени во следното Божиќно венче.
Украсното венче може да се нарача онлајн на веб страната VeryFirstTo.com.