ОЕЦД: Стареењето на населението може да го забави економскиот раст во повеќето развиени земји

Стареењето на населението би можело да го забави економскиот раст на повеќето развиени земји доколку не се преземат итни мерки, според извештајот објавен денес од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за вработување.

Вработеноста и учеството во работната сила во земјите на ОЕЦД остануваат на рекордни нивоа, но веќе се присутни раните знаци на стагнација.

Стапката на невработеност кај членките на ОЕЦД остана стабилна на 4,9 проценти во мај, а учеството на вработените во првиот квартал од 2025 година се зголеми на 72,1 процент.