Цените на кафето во САД драматично ќе пораснат ако царините на Трамп за увоз од Бразил останат

Американските потрошувачи можат да очекуваат нагло зголемување на цената на основните производи, како што е кафето, ако администрацијата на Трамп се држи до планот за воведување царини од 50 проценти на целиот увоз од Бразил, изјавија  експерти во оваа област.

Тие забележаа дека предложените царини за увоз ќе ја спречат испораката на бразилско кафе во Соединетите Американски Држави, нивниот најголем купувач, бидејќи ниту американските производители на кафе ниту бразилските извозници нема да можат да ја премостат разликата во цената што би произлегла од новите царини, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп во среда ги зголеми царините за бразилскиот увоз од 10 на 50 проценти, почнувајќи од 1 август, и покрај тоа што САД имаат трговски суфицит од 7,4 милијарди долари со Бразил.