
Најскапиот сладолед во светот „Бјакуја“ (преведен како „Бела ноќ“) е направен во Јапонија и чини неверојатни 873.400 јапонски јени или 6.211 евра.
Овој сладолед во сопственост на јапонската компанија OMER Ltd., влезе во Гинисовата книга на рекорди на 25 март 2023 година како најскап сладолед во светот. Ексклузивниот десерт е достапен само преку онлајн нарачки, а целта на брендот е да ја промовира комбинацијата од јапонската традиција и врвната гастрономија.
Fenix известува дека неговиот состав е достоен за империјални трпези, а рецептот го развивал година и пол познатиот готвач Тадајоши Јамада, специјализиран за француско-јапонска фузиона кујна.
Сладоледот содржи некои од најскапите состојки: бел тартуф од Алба (Италија) – една од најретките и најскапите состојки во светот, пармезан саке касу – ферментирана оризова паста, нуспроизвод од производството на саке, јадливи златни листови, масло од бел тартуф кое се додава специјално пред консумирање.
Патем, „Бјакуја“ се служи во специјална чаша, со рачно изработени метални лажици изработени од работилницата Казариканагу Такеучи од Кјото, позната по изработката на декоративни елементи за јапонските храмови.
Пред да може да се јаде, сладоледот мора да омекне. Прво, се прелива со масло од бел тартуф и внимателно се меша. Ако е сè уште тврд, се препорачува да се остави кратко време да отстои на собна температура.











