
Годишната инфлација во Русија во јуни оваа година се намали на 9,4 проценти, од 9,88 проценти во мај, објави Руската федерална служба за статистика (Росстат).
Потрошувачките цени се зголемија за 0,2 проценти во споредба со претходниот месец, објави ТАСС.
Цените на храната во јуни се повисоки за 0,11 проценти месечно и за 11,91 проценти на годишно ниво.











