Во јули Романија ја посетиле над еден милион туристи

51

Министерството за регионален развој и туризам наведе дека тоа е рекордна посетеност на Романија за последните шест години.

Државниот секретар за туризам во Министерството, Кристиан Бархалеску истакна дека развојот на туризам е приоритет, а на прво место е подобрување на квалитетот на услугите. Во јули годинава во Романија претстојувале 13% повеќе странски туристи и 12,5% домашни туристи во споредба со 2011 година.

Зголемување на бројот на туристи има и во периодот од јануари до јули 2012 година во споредба со истиот период од минатата година.