САД ги прекинуваат ограничувањата за извоз на технологија во Кина

Соединетите Американски Држави ги прекинаа ограничувањата за извоз на технологија во Кина за да избегнат нарушување на трговските разговори со Пекинг и да ги поддржат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да обезбеди средба со претседателот Си Џинпинг оваа година, објави денес „Фајненшл тајмс“.

Весникот наведува дека Канцеларијата за индустрија и безбедност на Министерството за трговија на САД, која го надгледува и контролира извозот, во последните месеци добила инструкции да избегнува остри потези против Кина, објавува „Ројтерс“.

Белата куќа и Министерството не одговорија на барањата на „Ројтерс“ за коментар на тврдењата на „Фајненшл тајмс“.

Фото: Pixabay