
Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор во Шкотска, според кој, меѓу другото, производите од ЕУ во Америка ќе бидат предмет на царина од 15 проценти, пренесува Ројтерс.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека договорот со ЕУ е најголемиот договор досега постигнат.
„Постигнавме договор. Тоа е договор што е добар за сите. Ќе нè зближи еден со друг. На некој начин, тоа е партнерство“, рече Трамп.
Како што изјави, ЕУ ќе инвестира 600 милијарди долари во САД, а ќе купи и енергетски производи во вредност од 750 милијарди долари.
Медиумите прво објавија дека вредноста на енергетските производи е 150 милијарди евра.
Тој исто така објави дека ЕУ ќе купи американска воена опрема.
Според фон дер Лајен, договорот ќе донесе стабилност.
„Ова е огромен договор. Дојде по тешки преговори“, рече претседателот на Европската комисија.
Фон дер Лајен додаде дека договорот ќе го врати балансот во трговијата меѓу двата главни трговски партнери.
Фото: Pixabay