
Чешкиот производител на автомобили Шкода го постигна својот најдобар квартален резултат во историјата во вториот квартал од 2025 година со оперативен профит од 740 милиони евра, што е во остра спротивност со послабите резултати на матичната компанија Фолксваген.
Во вториот квартал од 2025 година, Шкода постигна рекордна оперативна маржа од 8,5 проценти. Спротивно на тоа, Фолксваген забележа пад на кварталниот профит за 29 проценти на годишно ниво на 3,8 милијарди евра, со оперативна маржа од само 4,7 проценти.
Вкупниот профит на чешката компанија во првата половина од 2025 година се зголеми за 12 проценти на годишно ниво на 1,29 милијарди евра, објавува порталот Чешке Новини.
Фото: Pixabay