
Побарувачката за луксузни куќи за одмор во Грција и оваа година остана на високо ниво, според анализата на Engel & Folkers, во која се наведува дека 85 проценти од сите трансакции се извршени од странски купувачи, а цените на недвижностите на грчките острови се уште се конкурентни во споредба со другите медитерански пазари.
„Купувачите варираат во зависност од локацијата, но повеќето од нив доаѓаат од Централна Европа, како и од Соединетите Американски Држави, Либан, Израел, Балканот и Турција. Побарувачката е најизразена за вили со базен и поглед на море, додека за најлуксузните недвижности, близината до плажата е клучна за клиентите“, изјави директорот на Engel & Folkers Грција, Јоргос Петрос.
Највисоките цени на недвижностите се забележани на Миконос и Парос, каде што цената се движи до 12.000 евра по квадратен метар.
Во Коринтија и Лаконија, најсиромашните области, цените почнуваат од 2.000 евра по квадратен метар, но сепак нудат висококвалитетни недвижности на атрактивни локации.
Петрос додава дека дестинациите за луксузни куќи за одмор во Грција ја користат поволната инвестициска рамка и динамиката на долгорочните приноси од изнајмување, со постојана побарувачка која е секогаш поголема од понудата.
„Енгел и Фолкерс“ е меѓународна компанија за недвижности и услуги со седиште во Хамбург, Германија, специјализирана за брокерство на луксузни станбени и комерцијални недвижности.











