
Производителот на автомобили „Стелантис“ денес објави нето загуба од 2,3 милијарди евра во првата половина од 2025 година и најави „тешки одлуки“ за рестартирање на бизнисот.
Како што е наведено во полугодишниот извештај, приходите на „Стелантис“ за овој период изнесувале 74,3 милијарди евра, што е намалување од 13 проценти во споредба со минатата година, првенствено поради послабата продажба во Северна Америка и Европа, што делумно беше ублажено со растот во Јужна Америка.
Загубата во првата половина од годината претставува остар пресврт во споредба со истиот период во 2024 година, кога компанијата забележа нето добивка од 5,6 милијарди евра.











