Основана е најголемата железничка компанија во САД, вредна 250 милијарди долари

Американските железнички оператори Јунион Пацифик (Union Pacific) и Норфолк Саутерн (Norfolk Southern) објавија склучување на договор за поврзување на железничките мрежи, со што ќе се создаде најголемата железничка компанија во Соединетите Американски Држави вредна 250 милијарди долари, која ќе може самостојно да транспортира стока од Тихиот Океан до Атлантскиот Океан.

Унион Пацифик вели дека спојувањето е продолжение на визијата на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн за единствена железница што ги поврзува двата американски брега, која започна пред 165 години.

Извршниот директор на „Јунион Пацифик“, Џим Вена, изјави дека новата компанија ќе го реши проблемот со тесните грла во Чикаго, главната раскрсница на источната и западната железничка мрежа, објави „Фајненшл тајмс“.