
Од технолошки гиганти како „Мета“ и „Амазон“, до модни и автомобилски брендови како „Најк“ и „Тесла“, видете колку секунди, минути или часови им се потребни за да го „преминат“ својот прв милион. Резултатите може да ве изненадат.
На „Мета“, компанијата што ги поседува „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, ѝ се потребни само 9 секунди за да заработи милион долари. Благодарение на рекламирањето што достигнува милијарди корисници, оваа технолошка империја бележи импресивно темпо на раст и приходи.
За некои, тоа е цел чиешто градење трае со години, додека други ја достигнуваат за помалку од еден ден или дури и еден час. Брзината со која најголемите светски компании заработуваат милион долари го открива обемот на нивното глобално влијание, доминација на пазарот и силата на нивните бизнис модели.
Еве колку време им е потребно на компаниите да заработат милион евра:
Netflix – еден час и 37 минути
Nike – 10 минути
Apple – 5 минути
Samsung – 2 минути и 29 секунди
Tesla – една минута и 55 секунди
Microsoft – 1 минута
Google – 1 минута
Amazon – 54 секунди
Walmart – 48 секунди
Meta – 9 секунди











