Кина и САД се договорија да ги задржат царините на сегашните нивоа

Кина и САД се согласија да ги задржат тарифите на сегашните нивоа – САД ги оданочуваат кинеските производи со 30 проценти, а Кина наплаќа 10 проценти за американските производи.

Во разговор со новинарите, кинескиот функционер Ли Ченганг рече дека двете страни имале „конструктивни“ и „искрени“ разговори вчера и денес во Стокхолм.

Ли, исто така, изјави дека двете страни имале „сеопфатни и детални“ разговори за микроекономски прашања и се согласиле да останат во контакт и „навремено да комуницираат едни со други за трговски и економски прашања“, објави Seebiz.

Кинеските и американските претставници се состанаа  во Стокхолм, на вториот ден од разговорите за реципрочни царини, со главна цел продолжување на царинското примирје постигнато во Женева во мај и надминување на застојот што ги нарушува трговските врски на двете најголеми економии во светот.