
Според прелиминарните проценки, економијата на еврозоната порасна за симболични 0,1 процент во вториот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, надминувајќи ги очекувањата на експертите кои очекуваа стагнација, објави денес Евростат.
Податоците покажуваат дека економскиот моментум е одржан благодарение на натпросечните резултати на Шпанија и Франција, кои го ублажија економскиот пад во Германија и Италија, а на ниво на целата Европска унија е забележан квартален раст од 0,2 проценти, објавува Ројтерс.
Резултатите се поповолни отколку што стравуваа некои аналитичари, но во секој случај, економскиот раст нагло забави во споредба со првиот квартал од 2025 година, кога изнесуваше 0,6 проценти во Еврозоната и 0,5 проценти во Европската Унија.











