
Европската унија официјално го укина долгогодишното ограничување што им создаваше главоболки на патниците, правилото за максимум 100 милилитри течност во рачниот багаж е минато.
На аеродромите низ ЕУ кои ќе бидат опремени со модерни КТ скенери за безбедносна контрола, ќе биде дозволено внесување на течности, аеросоли и гелови до два литра по лице. Оваа промена ќе стапи на сила постепено, во согласност со опременоста на аеродромот со новата технологија.
Одлуката доаѓа откако компанијата „Смитс Детекшн“, која произведува скенери, помина дополнителни проверки и доби ресертификација во 2024 година. Технологијата беше предмет на внимание во тоа време поради прашања во врска со нејзината ефикасност, но беше потврдено дека ги исполнува сите безбедносни стандарди.
Да потсетиме дека правилото од 100 мл беше воведено во 2001 година, како дел од построгите мерки по терористичките напади во САД. Повеќе од две децении подоцна, конечно се запишува во историјата – на задоволство на милиони патници низ Европа.
Доколку планирате патување, проверете дали вашиот аеродром е меѓу оние што веќе се префрлиле на новата опрема – и спакувајте го вашиот омилен шампон без двоумење, пренесува Танјуг.
Фото: Pixabay











