
Денес европските берзански индекси се претежно во пораст, нафтата и златото поскапеа со пад на цените на пченицата, додека инвеститорите се фокусирани на прелиминарните податоци за инфлацијата во Франција, Италија и Германија, како и на новите информации за стапката на невработеност во Еврозоната.
Синоќа американската централна банка ги задржа каматните стапки во опсегот помеѓу 4,25 и 4,5 проценти, и покрај притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака каматните стапки да се намалат на 1 процент, а податоците за значителните заработки на технолошките компании Мета и Мајкрософт го подобрија расположението на глобалните пазари, пренесува CNBC.
Денес во 10:15 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,53 проценти на 24.401,29 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,40 проценти на 9.175,94 поени, францускиот CAC 40 за 0,28 проценти на 7.884,15 поени, додека московскиот MOEX падна за 0,03 проценти на 2.725,55 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,38 проценти на 44.461,28 поени, индексот S&P 500 за 0,12 проценти на 6.362,90 поени, а вредноста на индексот Nasdaq се зголеми за 0,15 проценти на 21.129,67 поени.
Европските фјучерси за гас за септември беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 35,095 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 70.085 долари, а цената на нафтата Брент на 72.491 долари.
Цената на златото се искачи на 3.305,84 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,2284 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,14475 долари, што е за 0,16 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.











