
Жителите на парискиот кварт Монмартр сè повеќе предупредуваат за прекумерниот туризам што се интензивираше по Олимписките игри во 2024 година, бидејќи веруваат дека локалната инфраструктура е преоптоварена, а секојдневниот живот потиснат поради напливот од краткорочни посети.
Минатата година, парискиот регион го посетија 48,7 милиони туристи, од кои околу 11 милиони го посетија Монмартр – главно за погледот на базиликатаf Sacré Cœur de Montmartre, а локалното население почнува да се жали на вишокот посетители, објавува Ројтерс.
„Луѓето доаѓаат на три часа, купуваат беретка и јадат палачинка, како да се во забавен парк“, вели Ана Ронуди, претседателка на здружението „Живот во Монмартр“.











