ЕУ произведе 34,7 милијарди литри пиво во 2024 година, предводена од Германија, Шпанија и Полска

Земјите од Европската Унија минатата година произведоа вкупно 34,7 милијарди литри пиво, од кои 37,2 милијарди литри содржеа повеќе од 0,5 проценти алкохол, додека две милијарди литри беа пива со ниска или безалкохолна содржина на алкохол, објави  Евростат.

На годишна основа, производството на алкохолно пиво се зголеми за 0,6 проценти, додека секторот за пијалоци со ниска содржина на алкохол и безалкохолни пијалоци забележа силен раст од 11,1 процент, што укажува на зголемена побарувачка за алтернативи без алкохол.

Германија е сè уште убедливо водечки производител со 7,2 милијарди литри алкохолно пиво, што е 22,2 проценти од вкупното производство во Европската Унија.