Ѓоковиќ станува сопственик на фудбалски клуб

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, станува сопственик на францускиот фудбалски клуб Ле Ман, објавуваат локалните медиуми.

Ѓоковиќ ќе стане еден од сопствениците на клубот Ле Ман, кој се натпреварува во втората лига на францускиот фудбал, објавува „Екип“.

Новак не влегува сам во овој бизнис, туку заедно со момчето на тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, Јоргос Франгулис, кој е и генерален директор на компанијата „Оукбери“, која влегува во клубот преку бразилскиот инвестициски фонд „ОутФилд“.

Како ко-сопственици се споменуваат и Фелипе Маса, ветеран во Формула 1, и Кевин Магнусен.