Катастрофа за Ново Нордиск, акциите потонаа 33 отсто за една недела

Акциите на данската фармацевтска компанија Ново Нордиск, производител на лекот за слабеење Вегови, паднаа за 33 проценти за една недела.
Откако највредната компанија во Европа ја намали својата прогноза за раст на приходите за целата година на помеѓу 8 и 14 проценти од претходната прогноза од 13 до 21 процент, инвеститорите беа очајни од веста дека Мазиар Мајк Дустдар стана нов извршен директор.