
Повеќе од 10.000 хотели низ Европа се приклучија на заедничка тужба против платформата за онлајн резервации Букинг (Booking.com), тврдејќи дека со години компанијата ја ограничувала можноста на угостителите да нудат пониски цени за своите услуги на други продажни канали, па дури и на сопствените веб-страници.
Според обвинителите, таквата практика е спротивна на прописите на Европската Унија.
Колективната тужба ја иницираше европското здружение на хотелиерската индустрија Hotrek, објави NL Times.











