EЦБ: Развојот на дигиталното евро нема да ги загрози готовинските плаќања во еврозоната

Развојот на дигиталното евро нема да ги загрози плаќањата во готово во еврозоната, изјави Пјеро Чиполоне, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ).

Според него, побарувачката за готовина во еврозоната е сè уште силна, а ЕЦБ ќе воведе дополнителни мерки за заштита на овој метод на плаќање и обезбедување универзална достапност на парите во физичка форма.

„Во време на криза, прекини на електричната енергија или прекини на интернет-врската, готовината останува единственото функционално средство за плаќање“, изјави Чиполоне и додаде дека физичките пари се сè уште најсигурната форма на плаќање и зачувување на вредноста.